Утрински Весник
Македонија

ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА И ОВАА РАБОТНА НЕДЕЛА: Температури до околу 45 степени, како и тропски ноќи

Index Crop 3.png

Метео анализа на Славчо Попоски: 

Екстремно топлиот Африкански бран во Македонија продолжува и во текот на оваа работна недела, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално би можела да се искачи и до околу 45 степени. Во Скопје температурата во текот на оваа работна недела ќе се искачи до околу 40 степени, но повремено таа ќе надминува  и 40 степени.

Ув индексот ќе има екстремно висока вредност 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), како и да пијат повеќе течности.

Тука се и тропските ноќи, односно температурите  на повеќе места во Македонија  во текот на ноќните  и раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени.

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи