Утрински Весник
Македонија

Експретседателот на скопскиот Основен суд се пријавил на огласот за државен јавен обвинител

Kahverengi krem siyah yesil dunya hukuk gunu facebook gonderi.jpg

Владимир Панчевски,поранешниот претседател на основниот суд Скопје, се пријавил на огласот за јавен обвинител на Република Македонија, што го распиша Собранието.

Во пријавата на Панчевски поднесена денеска до Собранието се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител.

– Во прилог до надлежните органи доставил целосна предлог-документација и докази за исполнување на општите услови утврдени во член 61 од Законот за Јавното обвинителство, како и докази за исполнување на посебните услови од член 62 став 1 алинеја 1 од овој закон – се наведува во пријавата од Панчевски до Собранието.

Досега најава за пријавување за функцијата најави и поранешниот виш јавен обвинител на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи.

Можете да прочитате

СДСМ: Медиумски октопод Алфа – Алта против СДСМ

Патиштата се проодни – но надлежните будно ја следат ситуацијата

Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење