Утрински Весник
Свет

Експлозија за време на научен експеримент во Шпанија, повредени се деца

Експлозија за време на научен експеримент во Шпанија, повредени се деца
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку 18 лица се повредени, од кои едно потешко, при експлозија на барабан со течен азот за време на научен собир во Домот на културата во Жирона, Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Меѓу повредените има и 10 деца, од кои едно е во тешка состојба, петгодишно девојче, дознава РТВЕ.

Универзитетот во Жирона објави дека експлозијата била предизвикана од „прекумерно количество водена пареа“, а станува збор за експеримент кој редовно се спроведува на научни собири како овој, кои се одржуваат за да се доближи науката до децата.

Овој настан, кој е дел од манифестацијата „Ноќ на науката“, беше организиран од Универзитетот во Жирона, а домаќин беше Дани Хименез, кој често се појавува во телевизиски програми за деца. Присуствуваа меѓу 200 и 300 луѓе, а публиката беше претежно деца, соопштија претставници на полицијата.

Можете да прочитате

Трамп за документите на Епштајн: „Ова е лов на вештерки“

Силен руски напад со суперсонични ракети врз Киев

Зеленски: Русите нè напаѓаат од Белорусија