Утрински Весник
Свет

Експлозија во рудник во Казахстан, најмалку пет лица загинаа

Експлозија во рудник во Казахстан, најмалку пет лица загинаа

Најмалку пет лица загинаа, а четворица се повредени во експлозија во рудник за јаглен во централен Казахстан, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила во Шахтинск, во рудникот Ленин што му припаѓа на „Арчелор Митал“, пренесува РИА Новости.

106 лица се евакуирани од рудникот, а четворица повредени се хоспитализирани, соопштија властите.

Околностите за несреќата се утврдуваат, соопштија од министерството.

Можете да прочитате

Руската воздушна одбрана соборила 170 украински дронови изминатата ноќ

Британија и Јужна Кореја размислуваат да испратат воени бордови во Ормутскиот теснец

Трамп: Зеленски е последната личност од која ни треба помош