Утрински Весник
Свет

Експлозија во хидроцентрала во Италија – 10 лица повредени и шестмина исчезнати

Eksplozija Brana Italija.jpg

Шест лица се сметаат за исчезнати, а 10 се повредени, од кои четворица потешко во експлозија во хидроцентрала во Италија. Повредените се здобиле со тешки изгореници. Италијанските медиуми јавија дека кај браната на езерото Сувијана, која се наоѓа меѓу Болоња и Фиренца, попладнево околу 15 часот дошло до експлозија. Полицијата и пожарникарите трагаат по исчезнатите лица. „Се чини дека избувна пожар на деветтиот кат, целата електрана е под нивото на езерото на околу 30 метри длабочина“, објасни градоначалникот на Камуњано, Марко Масинара. Според првите, делумни информации, „се вршела работа на турбините, внатре има персонал. – Ми рекоа дека пожарникарите се обидуваат да влезат, но имаат потешкотии, појасни градоначалникот. Портпаролот на компанијата „Енел Грин Пауер“ соопшти дека имало пожар на трансформаторот и посочи дека ги преземале сите безбедносни мерки за евакуација и заштита на персоналот.

Можете да прочитате

Барел нафта во Дубаи на рекордни 166 долари

Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток

Патријархот на Украинската православна црква, Филарет почина на 97 години