Едно лице загина, а друго е повредено денеска во експлозија во нафтена фабрика југозападно од Чикаго, соопштија локалните власти.
Од канцеларијата на шерифот на округот Вил потврдија дека едно лице загинало, а друго е пренесено во болница со повреди по експлозијата, пренесе АП.
Се наведува дека екипите на итната помош и пожарникарите набрзо излегле на лице место.