Утрински Весник
Балкан

Екс припадник на ОВК уапсен во Македонија – Белград бара екстрадиција, Приштина ослободување

Images 4.jpeg

По барање на Обвинителството за гонење на организран криминал, скопскиот Кривичен суд попладнево му определи 30 дневен екстрадициски притвор на Блерим Рамадани поранешен припадник на УЧК, кој се бара со потерница од Интерпол Србија.

Ова доаѓа откако вчера во 16 часот македонската полиција го уапсила на влез во државава на граничкиот премин со Косово „Јажинце“. Како што информираа од МВР тој бил уапсен при пасошката контрола откако системот јавил дека лицето се евидентира со мерката „АПСИ“, по што бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово.

Но, дали Рамдани ќе биде екстрадиран во Србија засега останува непознато. Од Министерството за правда пак велат дека до овој момент од ниту една институција не добиле инфромација за неговото апсње.

Во меѓувреме, Србија бара Рамадани да им биде испорачан, додека од Косово порачуваат да не се екстрадира во Србија каде што е баран за извршени воени злосторства за време на војната 1999 година.

-Многу често се случува земјите да уапсат некого, а потоа да не го екстрадираат. Ако некој навистина сака да се бори против воените злосторства, ако има документирани обвиненија, тогаш секако очекуваме да биде екстрадиран за да одговара за злосторствата- Ивица Дачиќ – Вицепремиер на Србија и МВР

„Нашето Министерство за правда е во комуникација со Владата на Македонија за да дознаеме повеќе за косовскиот државјанин кој се наоѓа таму во притвор и дека нема да дојде до потчинување на агресивноста на Србија кон Косово што се рефлектира преку потерниците за апсење за нашите граѓани“-Албин Курти – Претседател на Владата на Косово

Претходно, амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја како што пренесе косовска „Газета Експрес“ уверил дека Македонија нема да го екстрадира Рамадани во Србија,. Додека за апсењето на Рамадани со реакција на Фејсбук се јавија и од Организацијата на воени ветерани на ОВК на Урошевац.

Додека косовските власти се гласни околу евентуалната екстрадиција на Рамадани, Македонија се уште чека во земјава да бидат екстрадирани доживотно осудените бегалци за петкратното убиство кај Смилковското езеро,Африм Исмаиловиќ и Алил Демири за кои Министерството за правда неколку пати бараше нивно испорачување.

Можете да прочитате

Новинарка од Србија пронајдена мртва во Марсеј

Грција: Четири деца се затруле од гас, едно од нив починало

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици