Утрински Весник
Свет

Екс претседателот на Малдиви осуден на 11 години затвор за корупција и перење пари

Екс претседателот на Малдиви осуден на 11 години затвор за корупција и перење пари

Кривичниот суд на Малдивите го осуди поранешниот претседател на земјата, Абдула Јамин на 11 години затвор, откако беше прогласен за виновен за корупција и перење пари, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Јамин, кој ја загуби власта во 2018 година, негираше дека сторил нешто лошо.

Поранешниот претседател ќе мора да плати и казна од пет милиони долари.

Пред три години тој беше осуден на пет години затвор за проневера на државни средства во износ од еден милион долари.

Јамин беше префрлен во домашен притвор во 2020 година, но беше ослободен неколку месеци подоцна.

Можете да прочитате

Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Дефрин: Израелската армија уште најмалку три недели ќе го напаѓа Иран

Иранскиот лидер Хамнеи наводно префрлен во Русија