Утрински Весник
Македонија

Екс министерот Алиу ќе го замени Таравари во Министерството за здравство?

Aliu.jpg

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, би можел повторно да стане министер во Владата на Македонија, објавува ТВ21.

По излегувањето на Арбен Таравари од коалицијата Вреди и од Владата, Алиу, кој заедно со Арбен Фетаи и неколку други функционери од АА-Таравари беа во посета кај премиерот Албин Курти во Приштина, најави дека ќе продолжи со политичкиот ангажман во рамки на Вреди.


Извори на ТВ21 информираат дека Алиу е потенцијален кандидат за министер во владата ВМРО-Вреди.

Извори од Вреди велат дека името на Азир Алиу се разгледува како предлог за министер, но не прецизираат дали тој ќе раководи со Министерството за здравство или ќе има размена на ресори во рамки на коалицијата

Можете да прочитате

Венко Крстевски ќе се кандидира како независен за градоначалник на Кочани

Скопјани, тетовци и кумановци први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

Божиновска по повод Денот на рударите: Наша цел е секој рудар да се враќа дома безбеден и горд