Утрински Весник
Македонија

„Екоцид, корупција и криминал“ – жесток статус на Миноски за состојбата во државата

Img 7098.jpeg

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски, во статус на социјалната мрежа „Фејсбук“, остро ја критикува актуелната состојба со пожарите, загадувањето и корупцијата во институциите.

„Екоцид – запалени депонии, отпади и шумски пожари со кои институциите не можат (или не сакаат) да се справат. Лиценци делени ‘под рака’, увоз на отпад од цел свет без да имаме пристојни депонии. Наместо модерни решенија, клучното прашање е – кој ќе го земе процентот од корупцијата, по цена на човечки животи“, пишува Миноски.


Тој посочува дека со децении, екологијата ја водат некомпетентни и незаинтересирани кадри, а Македонија е на врвот по загаденост на воздух, вода и почва. „Здравствениот систем едвај се справува со последиците, додека илјадници политички поставени луѓе седат во управни и надзорни одбори, земаат паушали и трошат јавни средства – без да решат ниту еден проблем“, додава тој.

Според Миноски, „некомпетентноста, корупцијата и криминалот станаа нови ‘вредности’, а народот е парализиран од страв и апатија“. Тој во својата објава се повикува и на историски цитати.

„Ако граѓаните се незаинтересирани за политиката, тие ќе го добијат владеењето што го заслужуваат“, потсетувајќи на зборовите на Томас Џеферсон.

„Историјата не учи дека Рим не пропадна од надворешни непријатели, туку од внатрешна корупција и декаденција. Историјата се повторува – само што ние молчиме. А како што вели Аристотел: ‘Кога корупцијата станува начин на живот, државата умира’“, наведува Миноски.

Тој заклучува дека ако граѓаните продолжат да молчат, „ќе заслужат само да преживуваат – но никогаш да живеат“.

Можете да прочитате

Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување

ОЈО Скопје презема дејствија околу пожарот во Трубарево

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокризија кај СДСМ, наутро сеат страв, навечер се журкаат во парк