Утрински Весник
Свет

Египетските власти: Хамас ги напушта преговорите во Каиро, разговорите во ќорсокак

1708698095 Hamas 1.jpg

Египетските власти денеска објавија дека преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа дошле во ќорсокак поради барањето на Хамас за фазен прекин на војната.

Делегација на милитантната палестинска група го напушти Каиро, местото на преговорите, за да одржи консултации, а според египетскиот ТВ канал Al-Cairo News, разговорите ќе продолжат следната недела.

Официјални лица изјавија дека Хамас се согласил со главните услови од договорот од првата фаза, но сакале гаранции дека тоа ќе доведе до траен прекин на огнот, според Тајмс оф Израел.

Хамас соопшти дека нема да ги ослободи преостанатите заложници без целосно повлекување на израелската армија од Појасот Газа, пишува израелскиот весник.

Милитантната група, исто така, бара ослободување на голем број палестински затвореници од израелските затвори, вклучително и оние кои се осудени за тешки злосторства.

Висок функционер на Хамас, Абу Зухри, рече дека Израел ги „отфрлил“ сите напори на посредниците да постигнат договор за прекин на огнот.

Можете да прочитате

Британска полиција: Две деца убиени, шест во критична состојба во напад со нож во Саутпорт

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца

Железничка несреќа: Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени