Утрински Весник
Магазин

Египетскиот музеј вреден скоро 900 милиони евра се отвора по 20 години изградба

20251031112039 big 730x400 20.webp.webp
Dik 300x250 mk

По 20 години градење и повеќе од една деценија подоцна од првично планираното, Големиот египетски музеј во Гиза (Grand Egyptian Museum), вреден речиси 900 милиони евра, ќе има официјално отворање утре, и тоа во близина на пирамидите. На свеченоста ќе присуствуваат претседателот на Египет, Абдел Фатах ел-Сиси и други светски лидери.

Музејот, најавуван како најголемата археолошка знаменитост во светот, и посветен на едно од најзначајните наоѓалишта во светот, се протега на 470.000 квадратни метри. Содржи повеќе од 50.000 предмети, вклучувајќи го и колосот на Рамзес II, тежок 83 тони и 4.500-годишниот брод на фараонот Хуфу. Музејот вклучува 24.000 квадратни метри постојан изложбен простор, Детски музеј, образовни и конференциски објекти, комерцијални простори и центар за конзервација. Дури 12 главни галерии ќе прикажуваат артефакти од праисториско до римско време, а многу од експонатите се сместени и на плоштадот „Тахрир“, објави „Гардијан“.


Извршниот директор на музејот, Ахмед Гонеим рече оти ќе се користат напредна технологија и мултимедијални прикази коишто ќе го доближат древното наследство и до „Генерацијата Зи“. Се очекуваат меѓу 15.000 и 20.000 посетители дневно.

Свеченото отворање беше одложувано неколкупати, неодамна и поради воените судири на Блискиот Исток.

Како што истакнуваат медиумите, прашањето за безбедноста на артефактите останува предизвик, по неодамнешните кражби, вклучувајќи го и исчезнувањето на 3.000-годишна златна нараквица на фараон. За Египетскиот министер за туризам и антиквитети, Шериф Фати, отворањето на музејот како „подарок на Египет за светот“, како што вели.

Музејот е дел од поширок инфраструктурен проект во Египет, вклучувајќи метро и нов аеродром, и претставува стратешка инвестиција во културниот туризам, којшто полека заздравува по Арапската пролет и корона-пандемијата. Рекордни 15,7 милиони туристи го посетија Египет во 2024 година, а Владата има за цел – до 2032 година да го удвои бројот на посетители.  

Можете да прочитате

Скандал во Велес: Цеца го прегрна бугарското знаме!

Темните фармерки нема да избледат ако ја додадете оваа состојка во машината за перење

Малезискиот корона-град на духови полека заживува