Утрински Весник
Балкан

Џефри Сакс за НИН: Премногу политичари во Европа и во Југославија сакаа крај на таа држава

20240822085630 Big 730x400 16.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Џефри Сакс американски економист, професор на Универзитетот Колумбија, кој беше советник на југословенскиот премиер Анте Марковиќ во 1990-тите, изјави во интервју за НИН дека верувал во спас на Југославија, но дека „премногу политичари во Југославија и во Европа сакаа да и стават крај на Југославија, а не да ја спасат“.

„Главната работа што ја препорачав во 1989 година во поранешна Југославија, Полска, Советскиот Сојуз, а подоцна и Русија беше глобалната соработка со регионот во криза за да се излезе од хаосот. Она што го советував во секој од тие случаи, вклучително и Југославија, беше финансиска надворешна помош за да се стабилизираат финансиите во нестабилна ситуација“, објасни Сакс.

„Кога го предложив тоа за Југославија, Европа го отфрли. Европа не сакаше Југославија да опстане. Тие сакаа да ја видат распадната. Верувам дека резултатите беа генерално штетни иако, се разбира, многу од земјите наследнички се среќни поради нивната независност”, изјави Сакс.

Потсетувајќи на Големата депресија од минатиот век во светот, тој оцени дека „не е веројатен економски колапс, но веројатна е растечка економска слабост“.

„Економската криза не е толку актуелна или тешка како во 2008 година, додека глобалната геополитичка криза е најлоша од крајот на Втората светска војна. Тука е не само војната во Украина, туку и војната на Блискиот Исток и зголемените тензии меѓу САД и Кина во Источна Азија. Иако денес изгледа неверојатно, го изложи целиот свет на закана од нуклеарна војна“, предупреди Сакс.

Можете да прочитате

Евростат: Албанија со најголем пад на населението во регионот

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес