Утрински Весник
Економија

ЕДС: Владата да интервенира и за долговите на јавните претпријатија кон другите снабдувачи со електрична енергија

ЕДС: Владата да интервенира и за долговите на јавните претпријатија кон другите снабдувачи со електрична енергија

Предупредувањето на „Енерџи деливери солушнс“ АД (ЕДС) во изминатиот период дека поради акумулираните долгови за потрошена електрична енергија, некои од јавните институции и претпријатија неминовно ќе се соочат со прекин во испораката на електрична енергија, деновиве се реализира, велат од Друштво за трговија и услуги „Енерџи деливери солушнс“ АД Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Со цел да се превенираат овие непосакувани акции за исклучување од снабдувањето со струја, ЕДС во изминатиот период во повеќе наврати апелира за поголема ажурност на претпријатијата за навремено намирување на сметките за електрична енергија, подобро планирање на буџетите за потрошувачка на електрична енергија и домаќинско трошење на струјата.

Ја поздравуваме одлуката на Владата да ги помогне институциите што беа исклучени од снабдување од страна на ЕВН, но истовремено апелираме дека е неопходно Владата да помогне и кај јавните претпријатија што должат и кон другите снабдувачи со електрична енергија на македонскиот пазар. Интервенцијата на Владата не смее да биде селективна и финансиската помош за покривање на долговите за електрична енергија не би требало да биде насочена само кон еден снабдувач.

Во оваа пригода сметаме дека е неопходно да напоменеме дека сервисирањето на долговите за електрична енергија што јавните претпријатија ги имаат акумулирано значи и одговорност кон граѓаните, кои токму од овие правни субјекти добиваат витални услуги.

Токму во интерес на граѓаните што ги користат услугите на државните институции и јавните претпријатија неопходно е што побргу да се најде решение за нивните долгови за електрична енергија, кои кај некои достигнуваат високи износи и со тоа ја загрозуваат испораката на струја и кон другите клиенти и ја нарушуваат стабилноста на балансните групи во целост кај сите снабдувачи.

Во овој момент балансната група што ЕДС ја снабдува со електрична енергија ја сочинуваат повеќе од 550 правни субјекти, од кои над 200 се јавни претпријатија и институции.

ЕДС, која веќе 10 години работи на македонскиот пазар по највисоки професионални стандарди, има целосно разбирање за предизвиците со кои се соочуваат сите деловни субјекти во енергетска и во финансиска смисла поради зголемувањето на цената на електричната енергија. Поради тоа, кога ќе дојдеме во ситуацијата некои од клиентите да се соочуваат со проблеми при намирувањето на своите обврските, работиме со нив да најдеме начин како соработката да продолжи, особено кога се работи за клиенти чија примарна дејност е давање услуги кон граѓаните и домаќинствата.

Но, во одредени случаи, и покрај нашите обиди да се дојде до заемно прифатливо решение, принудени сме да ги искористиме законските решенија за раскинување на договорот или прекин на испораката кон некои од клиентите“, се наведува во соопштението.

(ПР)

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk