Утрински Весник
Македонија

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње

Pozar Mk1 750x430 1.jpg

Едно повозрасно лице загина во кумановското село Кокошиње, најверојатно задушено од чад, во пожарот што го зафати денеска ова село, информира попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој додаде дека сопругата на загинатиот била успешно евакуирана.

Во видеоизјава Ангелов информира дека во текот на денешниот ден имало над 30 пожари на отворено.

– Покрај оние пожари, кои во текот на вчерашниот ден продолжија да горат и денеска, околу пладне се појавија повеќе од 15 пожари на отворено, коишто поради ветрот со голема брзина почнаа да се шират и зафатија повеќе села, кои се безмалку напуштени, со малку жители или без жители. Меѓутоа, 15 села беа зафатени од пожарите на отворено – рече Ангелов.

Информира дека на територија на Општина Куманово биле зафатени три села од пожарите – Кшање, Кокошиње и Мургаш, каде што има претежно викендички.

– Во овие села се изгорени по неколку куќи, претежно стари куќи. На територија на Старо Нагоричане од пожарите се зафатени три села – Малотино, Руѓенце и село Коњук во коишто исто така има малку жители, и немам информација колку од куќите се стари и напуштени, а колку се населени – рече Ангелов.

Информацијата за МИА ја потврдија и од екипата на Итна Помош Куманово, чија екипа е на терен, посочувајќи дека станува збор за машко лице.

Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека на потегот Кокошиње, Кшање има пожар од поголеми размери.

– На таа локација имаме четири противпожарни возила со 15-тина пожарникари и екипа на Црвен крст – изјави Илиевски.

Екипи на противпожарните единици на Старо Нагоричане и на Куманово гасат пожар и во Руѓинце, општина Старо Нагоричане.

На територија на општина Куманово како што информираше Ангелов има пожари на три локации, три села Кшање, Кокошиње и Мургаш каде што има претежно викендици. -Во овие села се изгорени по неколку куќи претежно стари куќи, рече Ангелов.

Во Старо Нагоричане,  зафатени се три села Малотино, Руѓинце и Коњух села со мал број жители и стари куќи.

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

МЗ: За два и пол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб