Утрински Весник
Свет

Едно лице се обидело да упадне во домот на американскиот потпретседател

Policeman With Car In Background.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Едно лице се обидело да упадне во домот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Биле искршени прозорците од куќата.

Властите спроведуваат истрага за случајот, а едно лице е приведено.

„Колку што можам да проценам, луд човек се обидел да влезе со провала, кршејќи ги прозорците. Благодарен сум на Тајната служба и на полицијата во Синсинати за брзиот одговор“, напиша Венс во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Тој појасни дека во моментот на нападот семејството веќе било вратено во Вашингтон и упати апел до медиумите да не објавуваат фотографии од неговиот дом на кои се гледаат оштетувањата.

Можете да прочитате

Лавров: Обидите за изолација на Русија го доведоа Западот до самоизолација

Мерц: Украина мора да создаде услови младите да останат и да ѝ служат на државата

Венецуела ѝ се заблагодари на Русија за поддршката и осудата на американското мешање