Утрински Весник
Македонија

Едниот крак на пожарот е под контрола, вториот оди кон манастир, вели директорот на ЦУК

Пожарот во скопски Илинден се уште активен, ама нема треба од воздушно гасење

Се уште се силни пламените јазици во скопски Илинден.

dobivaj vesti na viber

„Едниот крак на пожарот е ставен под контрола. Вториот се движи кон манастирот каде дел од вегетацијата е изгорена од вчера. Нема опасност по населени места“, рече директорот на ЦУК, Ангелов.

Претходно, тој рече дека на едниот крак дејствува ер трактор на ДЗС, а на вториот, полошиот крак, дејствуваат два хеликоптери на МВР.

„Со механизација е направено и забраздување, т.н пресеци за да се спречи ширењето на пожарот надвор од оваа линија. Тука има и доброволци од Свети Николе и локално население. Заедно ќе се обидеме да го спречиме огнот, да не може да продолжи нагоре, бидејќи ќе тргне во насока кон Куманово. Може да дојде до уште посериозни димензии“, изјави тој.

Можете да прочитате

Доаѓа невреме во Македонија, поројни дождови, силен ветер и град!

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови