Утрински Весник
Свет

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

Voda 1.webp.webp

Обединети нации денеска предупредија дека повеќе од две милијарди луѓе ширум светот сè уште немаат пристап до безбедна вода за пиење, поради што милијарди луѓе се во ризик од болести.

Светска здравствена организација и УНИЦЕФ во заедничка студија предупредуваат дека светот е далеку од постигнување на целта до 2030 година – секој човек да има пристап до вода за пиење.


Исто така се посочува дека минатата година повеќе од 100 милиони луѓе сè уште зависат од водата од површински извори, како реките, езерата и каналите.

Водата, санитарните услови и хигиената не се привилегии: тие се основни човекови права. Треба да го забрзаме дејствувањето, особено за најмаргинализираните заедници, изјави директорот на одделението за животна средина во СЗО, Рудигер Крех.

Во студијата се проучувани петте нивоа на услуги за вода за пиење. Безбедното управување со водата, највисокото ниво, се дефинира како вода што е достапна во домаќинството, достапна кога е потребна и без фекална или хемиска контаминација. Четирите пониски нивоа се: основна (подобрена вода до која може да се стигне за помалку од 30 минути), ограничена (подобрена, но со подолго време на пристап), неподобрена (на пример вода од незаштитен бунар или извор) и површински води.

Кога децата немаат пристап до безбедна вода, санитарни услови и хигиена, нивното здравје, образование и иднина се во опасност, предупреди директорката на УНИЦЕФ. Овие нееднаквости се особено изразени кај девојчињата, кои често го носат товарот на собирање вода и се соочуваат со дополнителни бариери за време на менструацијата. Со сегашното темпо, перспективата за безбедна вода и санитарни услови за секое дете е сè понеостварлива цел, Сесилија Шарп.

Во 2024 година, 89 земји имале универзален пристап до основна вода за пиење, од кои 31 имаат универзален пристап до безбедно управувани услуги. Додека, 28 држави, од кои најголемиот број во Африка, немаат основни услуги.

Можете да прочитате

Големиот пожар во пристаништето во Хамбург е изгаснат

Главните автопатишта во Израел се затворени поради протести со кои се бара прекин на војната во Газа

Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа