Утрински Весник
Спорт

Едмонтон стана првиот тим од 1945 година кој се врати од 0:3 во финалето на Стенли купот

20240622080837 Big 730x400 33.webp.webp

Едмонтон ноќеска ја победи Флорида на домашен терен со 5:1 во шестиот натпревар од финалната серија на Стенли купот.

По десетти пат во историјата на НХЛ, еден тим се врати од негатива од 0:3 во плејоф серија. Воедно ова е трето враќање по 0:3 во финалето на најсилната хокеарска лига на светот и прво од 1945 година. Тогаш Детроит возврати во серијата со Торонто, но загуби во седмиот натпревар. Во 1942 година, Торонто успеа да се врати и да победи четири натпревари по ред.

Решавачкиот натпревар меѓу Едмонтон и Флорида ќе се одигра на 25 јуни во Санрајс.

Победникот на Стенли купот ќе биде решен во седмиот натпревар за прв пат од 2019 година. Пред пет години Сент Луис го победи Бостон.

Ова воедно ќе биде 18-та „мајсторка“ во финалната серија во историјата на НХЛ.

Можете да прочитате

Навивач скокна од трибините кон Роналдо, нов безбедносен пропуст во Германија

За прв пат во кариерата Роналдо не постигна гол во групната фаза на некој голем турнир

Формирани двојките за осминафиналето на Евро 2024