Утрински Весник
Свет

Единственото место каде може да оди населението од Газа, местото каде цивили живеат меѓу мртвите

20240803110650 Big 730x400 79.webp.webp

Скај њуз – Лондон

Во Газа има само едно место каде што цивилите можат да одат.
Се вика Ал Маваси, збир од полиња, песочни дини и разурнати згради кои се пренаселени со огромен број луѓе. Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), околу 1,9 милиони луѓе се натрупани во оваа територија.

Израел го означи ова место како ‘хуманитарна зона’ каде што цивилите можат да најдат одмор од борбите – но меѓународните хуманитарни организации тврдат дека ал Маваси не е ниту хуман, ниту безбеден, и претставува големо прекршување на меѓународното право.

Со малку патишта и малку свежа вода, овој крајбрежен појас никогаш не бил сметан за погоден за живеење, а хуманитарните организации тврдат дека Израел – како окупаторска сила – постојано одбивал да ги разгледа потребите на оние кои сега живеат таму.

Нашиот тим најде десетици нови раселени лица пристигнати во ал Маваси како поставуваат основни засолништа во рамките на функционални гробишта.

Живеењето со мртвите, ни рекоа, била нивната единствена опција. „Каде би оделе?“ рече еден од нив.

„Ал Маваси е преполн. Тука сме со мртвите пријатели и семејството – а како и да е – наскоро ќе бидеме долу со нив“. Гробиштата мирисаат на распаднати тела и децата тешко спијат, но сè уште има малку простор околу надгробните плочи.

Нашиот тим виде една структура слична на шатор со врвци врзани за серија камени плочи.

„На нормален ден пред војната, ова беше страшно место… ќе миневме колку што е можно побрзо. Можете ли да си замислите да спиете среде тоа?“ рече еден жител на гробиштата.

И покрај пренаселеноста, има делови од Ал Маваси каде што луѓето едноставно не можат да замислат живот. Без никаква градска инфраструктура, огромни купови ѓубре и локви од непреработена канализација сега доминираат во делови од територијата.

Како резултат на тоа, луѓето се разболуваат. „Сите добиваат болести, осипи, каснувања од инсекти, не знаеме дури и кои инсекти се тие. Начинот на кој се подува кожата, никогаш не сме го виделе,“ рече еден човек по име Ибрахим.

Скот Андерсон е шеф на мисијата на ОН во Газа, позната како UNRWA.

Тој вели дека е тешко да се верува што се случува. „Толку е страшно. Речиси како научно фантастичен филм, постдистопијска апокалиптична научна фантастика… има купови урнатини, купови ѓубре на проодни патишта, патишта со канализација која тече по нив. И толку е страшна ситуацијата за сите што се тука и само се обидуваат да преживеат,посочи  тој.

Прават огнови ноќе за да ги држат комарците настрана, но не можат да направат ништо за канализацијата – и ништо, се чини, за болестите. Траги од полиомиелитис се најдени во водата и UNWRA вели дека ризикот од избивање на колера е висок. Понатаму, сите имаат проблеми со кожата.

Мустафа Абу Лули и неговото семејство живеат во шатор покрај огромен куп ѓубре. Неговите деца имаат осип кој го покрива целото тело.

„Еве едно од децата, погледнете што се случило, погледнете како страда, никој не може да ми помогне. Никој не може да ми даде маст,“ ни рече тој.

„Луѓето велат дека ќе го отстранат ѓубрето, мртвите магариња и мртвите коњи, но никој уште не направил ништо!“

Шефот на ОН во Газа ни рече дека тој штотуку го информирал британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами и главниот обвинител Ричард Хермер за очајната реалност на Ал Маваси.

Тој истакна дека се надева дека Лами ќе ги искористи информациите „за да се заложи пред Владата на Израел“.

Сепак, единственото нешто што ќе направи демонстративна разлика е прекин на огнот, и тоа треба да се случи наскоро затоа што животот во ал Маваси стана неподнослив.

Можете да прочитате

Израелската делегација ги напушти преговорите во Каиро поради несогласување со Нетанјаху

Најмалку 18 жртви, меѓу кои три деца, во најновите напади во Газа

Се’ повеќе држави ги повлекуваат луѓето од Либан, Иран се заканува со невидена одмазда