Утрински Весник
Свет

Единаесет загинати и 130 повредени лица во експлозија во фабрика во рускиот регион Рјазан

20250816135301 big 730x400 93.webp.webp

Во силна експлозија во фабрика во Шиловскиот округ на рускиот Рјазански регион вчера загинаа 11 лица, а повредени се 130, објави руското Министерство за вонредни ситуации.

Министерството на каналот Телеграм соопшти дека на местото на несреќата, на околу 320 километри југоисточно од Москва, беа распоредени повеќе од 360 спасувачи и 90 единици опрема, а покрај пожарникарски и спасувачки екипи, на терен се и екипи на психолози од Министерството.


Гувернерот на регионот Рјазан, Павел Малков, вчера изјави дека несреќата е предизвикана од пожар што избувнал во работилница во фабриката.

Причината за пожарот не е прецизирана и не е познато точно што се произведувало во оваа фабрика.

Украинските дронови претходно ја гаѓаа воената и економска инфраструктура во регионот Рјазан, голема рафинерија за нафта и електрана беа погодени од дронови.

Дел од руските медиуми пренесуваат дека експлозијата била предизвикана од палење на барут.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел