Утрински Весник
Спорт

Един Џеко на лето потпишува за Баерн Минхен?

Един Џеко на лето потпишува за Баерн Минхен?

Един Џеко има договор со Интер до крајот на сезоната и најверојатно ќе го смени клубот следното лето. Германски „Билд“ објави дека негов нов клуб би можел да биде Баерн Минхен.

dobivaj vesti na viber

Германскиот шампион е во потрага по напаѓач бидејќи не успеа да го надомести заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона. Клубот е свесен дека тешко ќе ги доведе Лаутаро Мартинез од Интер или Душан Влаховиќ од Јувентус, па како прва опција го избраа напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Сепак, Тотенхем одбива да го продаде Кејн, па Баерн бара друго решение. Планот Б на Баерн е Един Џеко, а во опција е и Маркус Турам.

„Донесувањето на Џеко би било слично на потегот на Борусија Дортмунд со Модесте. Во Интер тој покажува дека се уште може да биде многу корисен за тимот“, пишува „Билд“.

Џеко веќе настапуваше за Волфсбург во Бундеслигата и постигна 85 гола на 142 натпревари. Во Интер е од лани и досега има постигнато 21 гол.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина