Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје

Zaporozhje 1024x574 1.png
300x250 opst2

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи беа уништени, а пожарникарите се борат со бројни пожари, објави на својот канал на Телеграм раководителот на локалната воена администрација на Запорожје, Иван Федоров.

„Вечерва непријателот повторно го нападна Запорожје. Имаше најмалку десет летови над градот. Едно лице беше убиено. Девет беа ранети“, се наведува во соопштението, пренесува Укринформ.


Според Федоров, уништени се згради и приватни куќи, изгорени се автомобили, скршени се прозорци, оштетени се дворови, а електричната енергија и водата се во прекин.

„Од првите минути по нападот, нашите спасувачи, комунални работници, лекари, енергетски работници и полицијата работат на терен“, рече Федоров.

Укринформ објави дека Русите извршиле најмалку 10 напади со дронови и касетни авио-бомби врз Запорожје, а во некои области имало прекин на електричната енергија и водата.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори