Утрински Весник
Свет

Еден загинат, 19 повредени во пожар во дом за стари лица во Шпанија

Pozar 1 1.webp.webp

Еден 93-годишен маж загина, а 19 лица се повредени во пожар што избувнал во дом за стари лица во шпанскиот град Сарагоса, во автономната област Арагон.

Пожарот започнал во спална просторија на приземјето околу 23:00 часот по локално време, соопшти локалната служба за итна помош преку социјалната мрежа Икс.


Мажот починал во установата, а повредените, кои се наголтале чад, се хоспитализирани.

Домот моментално е населен со 132 лица. Службите за итна помош и жителите на соседството заеднички помогнале во евакуацијата на старите лица од објектот зафатен од пожар.

Полицијата спроведува истрага за причините за пожарот, а во локалните медиуми се споменува можноста дека дошло до експлозија на боца со кислород

Можете да прочитате

Германија планира брзо проширување на бункерите поради страв од руски напад

Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици

Во Британија оваа пролет е најтолпа и најсушна во последните 50 години