Утрински Весник
Свет

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

20250804105708 big 730x400 38.webp.webp

Едно лице загина, а 11 се повредени денеска во судар на товарен воз и туристички автобус во регионот Ленинград, во близина на Санкт Петербург, во северозападна Русија, соопштија властите.

Несреќата се случила кратко по 5:00 часот наутро по централноевропско време, соопшти локалната филијала на Руските железници.


Автобусот излетал на шините директно пред возот што се приближувал со полна брзина помеѓу станиците Лодејное Поле и Олонец, се вели во соопштението.

Возачот се обидел да закочи, но автобусот бил премногу блиску и сударот не можел да се избегне, додаде истиот извор.

Според првичните информации, повредени се 12 патници во автобусот, од кои еден починал.

Можете да прочитате

Нов смртоносен вирус што ги плаши светските здравствени власти

25 жртви во лизгањето на земјиштето во Индонезија

Никозија избрана за водечка културна дестинација во Европа за 2026 година