Утрински Весник
Свет

Еден од силувачите на Жизел призна: Да знаев дека не е свесна немаше да го направам тоа

Oyl9jhswqe Jas Sum Siluvac Kako I Site Drugi Vo Ovaa Sudnica Mazot Od Francija Prizna Deka Ja Drogiral Soprugata I Pokanil I Drugi Mazi Da Ja Siluvaat.jpeg

Лионел Родригез е еден од малиот број обвинети што признаа дека ја силувал Пелико, која била малтретирана од десетици непознати во текот на речиси една деценија додека била во несвест, дрогирана од сопругот Доминик, без нејзино знаење.

Доминик Пелико, кој поканувал непознати мажи преку интернет во семејната куќа за да ја силуваат неговата сопруга, во понеделникот пред судот ги призна своите злосторства. „Јас сум силувач, исто како и другите (обвинети) во оваа соба“, рече тој.

Родригез, 44-годишен татко на три деца, во четвртокот ѝ се извини на 72-годишната жртва. „Извинете, не можам да го замислам кошмарот низ кој сте поминале… И јас сум дел од него. Знам дека моето извинување нема да го промени она што се случи, но сакав да ви кажам“, рече тој.

Случајот предизвика протести во Франција за поддршка на Жизел Пелико, која побара судењето да не се одржува зад затворени врати за да се открие злоупотребата.

Родригез во текот на истрагата признал дека ја силувал Жизел Пелико. На суд денеска повтори дека немал намера да ја силува, но сфаќа дека ја силувал.
Да знаев дека не е свесна, немаше да го сторам тоа. Не разговарав со неа, па не можев да добијам нејзина согласност. Се чувствувам виновен за она што го направив“, рекол тој.

Родригез исто така се обиде да префрли дел од вината на Доминик Пелико велејќи му на судот дека го направил она што му рекол нејзиниот сопруг.

Можете да прочитате

Нови напади на ИДФ врз позиции на Хезболах во јужен Либан

Украина води како исчезнати 55.000 нејзини граѓани

Норвешка објави меѓународна потерница за лице поврзано со експлозивните пејџери