Утрински Весник
Спорт

Еден од најдобрите голмани во светот на ЕП ќе биде резерва

F9ab871f A45f 4aa8 Bcc8 47d9c582b71b.jpg
Dik 300x250 mk

Голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген (32) тешко се помирува со фактот дека германскиот селектор Јулијан Нагелсман реши Мануел Ноер да биде прв голман на националниот тим на претстојното ЕП.

Тер Штеген по пријателскиот натпревар со Украина (0:0) на собирот на репрезентацијата во Херцогенаурах јасно порача дека не е задоволен од одлуката на селекторот, но дека ќе мора да ја испочитува.

„Ситуацијата не е добра. Но, на крајот, имам одговорност кон тимот да помогнам на секој можен начин“, рече Тер Штеген и додаде:

„Му кажав на тренерот дека има разлика меѓу спортот и хуманоста. Сакам сите да имаат доверба во мене“, рече тој и објасни дека не се натпреварува со Ноер.

„Тоа не е ништо лично, всушност имаме добри односи“.

Од друга страна, Нојер (37) изјави дека го разбира својот колега кој со години е еден од најдобрите светски голмани.

„Ниту еден тренер никогаш не дозволил двајца голмани да делат минути“, се пошегува Ноер и продолжи: „Секогаш е тешко да се донесе одлука. Марк ја разбира ситуацијата. Штета е, бидејќи тој е врвен голман, но сето ова е само игра“.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен