Утрински Весник
Свет

Еден месец по мистериозното исчезнување, променет министерот за надворешни работи на Кина

Еден месец по мистериозното исчезнување, променет министерот за надворешни работи на Кина

По еден месец откако исчезна, Кина го смени министерот за надворешни работи Чин Ганг. Потврдата за неговото разрешување даде Ванг Ји – кој претходно ја вршеше оваа позиција речиси 10 години. Ваквиот чекор доаѓа по неколку недели молк на министерството, а додека во јавноста имаше различни теории за мистериозното исчезнување.

dobivaj vesti na viber

Чин последен пат беше виден во јавноста на 25 јуни, кога се сретна со своите колеги од Русија, Виетнам и Шри Ланка. Неговите планирани состаноци оттогаш се откажани, или друг диплмат го заменува на средбите.

„Долгиот молк беше многу штетен за кинеската дипломатија. Зависноста на партијата од тајност во нејзините внатрешни операции сега има ослабувачки ефект врз способноста на земјата да работи со надворешниот свет“, рече Нил Томас, соработник за кинеска политика во Институтот за политика на азиската заедница во Вашингтон.

Тоа, исто така, го комплицира привременото затоплување меѓу САД и Кина. Кога државниот секретар Антони Блинкен се сретна со Чин во Пекинг минатиот месец – само една недела пред исчезнувањето на Чин Ганг, тие се договорија дека кинескиот министер за надворешни работи ќе возврати со посета на Вашингтон.

Исчезнувањето на Чин се коментира како: „шокантен пад за ѕвездата во подем на се понаметливата кинеска дипломатија“.

Тој се сметаше за лојалист, промовиран под Кси Џинпинг.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија