Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Еден месец до почетокот на Светското првенство во Катар

Еден месец до почетокот на Светското првенство во Катар
Img 7972

Останува точно еден месец до почетокот на Светското првенство во фудбал во Катар. Мундијалот ќе почне на 20 ноември со натпреварот меѓу домаќинот и Еквадор.

dobivaj vesti na viber

Ова ќе биде 22. издание на планетарниот шампионат и прво што ќе се одржи во зима, како и прво на кое домаќин ќе биде земја од арапскиот свет. Ова воедно ќе биде последно Светско првенство на кое ќе учествуваат 32 селекции бидејќи, по четири години на завршниот турнир во САД, Канада и во Мексико, ќе учествуваат 48 селекции.

Осум стадиони во Катар ќе бидат домаќини на 64 натпревари од првенството, а сите се опремени со системи за климатизација, кои ќе одржуваат температура од 20-ина степени.

Најискористен објект ќе биде стадионот Lusail Iconic, со капацитет од 80.000 луѓе во Лусаил, кој ќе биде домаќин на десет натпревари вклучувајќи го и финалето на 18 декември.

Воведниот натпревар ќе се одигра на стадионот „Ал Баит“ во Ал Хор.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица