Утрински Весник
Скопје

Ќе „трчаат“ ли екс скопски градоначалници на следните локални избори?

Eksgradonalacnici.jpg

За да го провери расположението на читателите, 24инфо.мк направи мини прашалник на социјалните мрежи за тоа кој бил најдобар градоначалник на општините Центар, Карпош и Аеродром.

Одговорите на читателите беа поделени, па во некои од општините најмногу доверба добија претходните, а во некои актуечните градоначалници.


Со оглед на резултатите за став ги прашавме личностите кои добија најголема доверба, дали можеби планираат своја кандидатура на следните локални избори.

Екс градоначалникот на Аеродром, Ивица Конески и актуелниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, велат дека сѐ уште е рано за таква одлука.

„Јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ. За тоа кој ќе биде кандидат одлучуваат претседателот на партијата и Извршниот и Централниот комитет“ вели Конески.

„Рано е за размислување, а камоли за одлуки“ вели Стевчо Јакимовски.

За разлика од нив, поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, кажа дека размислува повторно политички да се активира, но на какво ниво и во каква форма, сѐ уште не открива.

„Многу ми значи и ме израдува фактот дека граѓаните на Центар, и покрај тоа што поминаа 12 години од мојот избор за градоначалник на најважната општина и што 4 години сум отсутен од јавниот партиско-политички живот, сѐ уште добро се сеќаваат на нашата заедничка соработка, на постигнатите резултати, реализираните проекти и воспоставените трајни вредности. Таа наша искрена врска, која започна преку историската и макотрпно стекната победа, само се потврдува со текот на времето. Доаѓа период кога, по се изгледа, повторно ќе се активирам политички, а во каков облик ќе продолжи конкретната моја соработка со центарци, останува да размислиме и одлучиме заедно, при што финалниот збор ќе го имаат токму тие“ изјави Жерновски за 24инфо.мк.

Локалните избори треба да се одржат во октомври оваа година, а партиите полека ги поставуваат рамките за креирање на понудата на програма и кандидати.

24инфо.мк ќе продолжи да го испитува расположението на читателската публика и во следниот период.

Можете да прочитате

Дел од главниот град утре без вода

Општина Илинден изработува Локален еколошки акционен план – ЛЕАП 2025-2030

„Авионот е преполовен, хеликоптерот главно недопрен“: трае потрагата по преживеаните