Утрински Весник
Македонија

Ќе следи ли ново менување на личните документи поради промената на државниот грб?

Vlada 800x445 1.png

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, го отвориле прашањето за промена на државниот грб на Македонија.

„Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што сè уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации“, изјави Мицкоски, потенцирајќи ја потребата од усогласување со современите хералдички стандарди.


Овој предлог предизвика реакции во јавноста, особено во однос на можноста за нови промени на личните документи, кои го содржат државниот грб. Со оглед на тоа дека граѓаните неодамна ги менуваа пасошите, личните карти и возачките дозволи поради претходните уставни измени, останува отворено прашањето дали евентуална промена на грбот ќе доведе до нови административни трошоци и процедури.

Дали Македонија конечно ќе добие нов државен грб и какви ќе бидат неговите карактеристики? Дали граѓаните ќе се изложат повторно на дополнителни трошоци? Останува да се види како ќе се развива оваа иницијатива во наредниот период.

Можете да прочитате

Не само грбот, туку да се смени и химната и „20%“ за јазикот бара Касами

Лоши хигиенски услови и храна со поминат рок: АХВ изрече казни од 82.000 евра за големите ланци на маркети

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град