Утрински Весник
Економија

Ќе се замрзнува маржата на прехрабените продукти

Market 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата го задолжи Министерството за економија да ја донесе следната предлог мерка, Одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и 10 проценти во трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници.

Но, истата, според портпаролката Марија Митева, треба да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите и плус да се дополни со бебешка храна, и други непрехранбени производи кај која е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните. 


„Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување, што се очекува да биде за многу брзо од денес и да трае заклучно до 30.04.2025 година“ порача Митева.

Истовремено, Владата им препорачува на сите маркети да започнат процедура за транспарентно објавување на цените на сите производи и нивно редовно ажурирање на дневна основа.

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна