Утрински Весник
Македонија

Ќе се потпише Меморандум за соработка помеѓу АТС ГРУП и МКЕ, најголемата државна компанија од одбранбената индустрија на Турција

Ats.jpeg

Утре во Клубот на пратеници во Скопје, во 16.00 часот ќе биде потпишан Меморандумот за соработка помеѓу АТС ГРУП, единствената македонска компанија од одбранбената индустрија, и МКЕ, најголемата државна компанија од одбранбената индустрија на Република Турција.

На настанот ќе присуствуваат високи претставници од двете држави, меѓу кои:
• Владо Мисајловски – министер за одбрана
• Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и надворешна трговија
• Хеибет Муса – заменик министер за национална одбрана на Република Турција
• Илхами Келеш – генерален директор на МКЕ
• Шефшет Демировски – сопственик и CEO на АТС ГРУП


Ова партнерство е од стратешко значење за развојот на одбранбената индустрија и ќе овозможи трансфер на технологија, модернизација на производството и отворање на нови работни места, велат од АТС ГРУП

Можете да прочитате

Историски најдобар оперативен план – Практикантство за 1.352 млади лица до 29 години и младински додаток од 3.000 денари месечно за лица до 23 години

Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“