Утрински Весник
Економија

Ќе се осмели ли Владата конечно да ги ограничи цените на основните продукти?

Super Market 1.jpg

Земјите во регионот, како Србија и Црна Гора презедоа мерки со кои се ограничија цените на илјадници продукти за семејна употреба.

Па споредувајќи ги цените на одредени продукти во Македонија со оние во Србија на пример, се гледа дека таму доста артикли (особено месото и млечните производи) се далеку поевтини отколку кај нас.

Владата до сега инсистираше да не се меша во формирањето на цените но некако „се пресрами“ со ограничувањето на маржите за производите за училишен прибор.

Дека наскоро граѓаните можат да очекуваат намалување на цените на одредени продукти стигна сигнал и од владата.

Владата најавува ограничување на цените на основните прехранбени производи, но за сега, не се откриваат детали за кои производи ќе важи мерката и од кога ќе се применува. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши само навести дека иницијативата ги опфаќа сите домашни земјоделски производи и ќе се следи за усогласеност.

Во превод, тоа значи дека граѓаните можат да очекуваат пад на цените на овошјето и зеленчукот, производи чии цени воопшто не се намалуваа во изминатиот период.

Според податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, износот на последната синдикална кошница за едно просечно четиричлено семејство надмина 1.000 евра, а граѓаните секојдневно се жалат дека се потешко врзуваат крај со крај.

За потсетување, претходната влада во неколку наврати ја ограничуваше цената на стотина производите за домаќинствата.

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025