Утрински Весник
Македонија

Ќе се интонира ли „Денес над Македонија“ во средните училишта, министерката Јаневска вели дека решението е повлечено поради политичко-етничка дебата

1735925942 Maxresdefault.jpg

Министерката за образование Весна Јаневска очекува предлог-законот за средно образование, кој беше повлечен поради одредбата со химната, наскоро повторно да биде вратен во собраниска процедура, за нова дискусија во потрага за заеднички јазик за собро законско решение.

-Целиот предлог-закон е повлечен токму заради одредбата за интонирање на државната химна во училиштата и уште две-три други одредби кои и не беа толку важни во однос на суштинските реформи што се вршат во средното образование. Со законот не правевме меѓуетнички тензии и нема да дозволам нивно подгревање. Но, за жал партијата ДУИ тоа го искористи тоа на најнесоодветен начин за да ги вметне политичките и етничките проблематики во закон за образование. Нема да дозволам такво нешто да се случува. Затоа законот е повлечен, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.


Таа посочи дека жали што политички теми станале предмет на толку бурни дискусии за овој закон, како и дека таа како министер за образование и Владата нема да дозволат во првите закони што се носат во образованието да се вклучи политиката. Според неа, потребно е да се продискутира уште малку на таа тема, но доколку не се најде заеднички јазик битно е да поминат суштинските реформи во средното образование.

-Законот ќе биде вратен и без таа одредба ако тоа биде неопходно. Но, сепак, треба да поразговараме уште малку, вели Јаневска.

Предлог-законот за средно образование ја помина првата собраниска фаза, но беше повлечен од Собранието поради амандманите на ДУИ и нивното противење на повеќе одредби меѓу кои и она за задолжително интонирање на државната химна во училиштата.

Можете да прочитате

(Видео) Д-р Тодорова: Виското ниво на шеќер во крвта создава компликации на други органи, исхраната и физичката активност се клучни во справувањето

Битиќи: Два пати колабирав во Влада поради покачен шеќер

(Видео) Битиќи во поткаст ЗРАК за првпат зборува за неговата борба против дијабетот