Утрински Весник
Балкан

Ќе пушта ли Иран танкери низ теснецот ако нафтата се плаќа во кинески јуани?

Img 9907.jpeg

Иран размислува да дозволи поминување на ограничен број нафтени танкери низ Ормускиот теснец, но под услов трговијата со нафта да се одвива во кинески јуани, открил висок ирански функционер за CNN.

Според истиот извор, ваквиот потег е дел од нов план на Техеран со кој Исламската Република има намера да го контролира и управува со протокот на танкери низ еден од најважните морски премини за светската трговија со енергенси.


Ормускиот теснец претставува клучна артерија за глобалното снабдување со нафта и гас, па секоја закана или ограничување на сообраќајот во оваа зона веднаш се одразува на светските пазари.

Поради растечките тензии во регионот, цените на нафтата веќе достигнаа највисоко ниво од јули 2022 година, односно од периодот по руската инвазија врз Украина.

Во меѓувреме, Обединетите нации предупредија дека евентуалните ограничувања на бродскиот сообраќај низ теснецот би можеле да имаат сериозни последици врз глобалните хуманитарни операции.

„Кога бродовите престануваат да минуваат низ овој теснец, последиците многу брзо се чувствуваат“, изјави Том Флечер, потсекретар на ОН за хуманитарни прашања.

Тој предупреди дека во таков случај транспортот на храна, лекови, ѓубрива и други неопходни производи ќе стане значително потежок и поскап, што би можело дополнително да ја влоши ситуацијата во регионите погодени од конфликти и кризи.

Можете да прочитате

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот

Српската влада ги намали акцизите, горивата сериозно поевтинуваат

Вучиќ: Хрватска, Албанија и Косово чекаат прилика да ја нападнат Србија