Утрински Весник
Економија

Ќе плаќате и за увид во сопствените пари – НЛБ Банка воведува нови повисоки трошоци за клиентите 

Img 8152.jpeg

Од 23 јуни 2025 година, НЛБ Банка ќе воведе измени во тарифите и општите услови за физички и правни лица, објави Слободен печат.

Според новиот предлог тарифник, Банката го укинува надоместокот од 750 денари за приклучок на интернет банкарство со токен за физички лица. Но, за увид во состојбата на сметките преку мобилното банкарство МКлик, ќе се наплаќа надоместок од 20 денари месечно за одредени пакети.


Исто така, клиентите ќе плаќаат 45 денари месечно за одржување на сметка, доколку салдото на сметката надминува 100 денари.

При повлекување готовина од шалтерите на Банката, провизијата ќе биде минимум 100 денари, а максимум 500 денари. За пензионерите и примателите на социјална помош, минималната провизија ќе изнесува 60 денари, со максимален износ од 500 денари.

Дополнително, деблокада на платежна сметка ќе чини 500 денари. За уплата кон платежни сметки во НЛБ Банка, клиентите ќе плаќаат 60 денари, за трансакции до 10.000 денари провизијата ќе биде 100 денари, а за уплата на режиски трошоци кон правни лица со кои Банката има склучено договор, ќе се наплаќа 120 денари, пишува Слободен печат.

Банката ги информираше клиентите дека е извршена измена и дополнување на Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка, како и на Одлуката за Тарифата на надоместоци. Доколку клиентите не ја известат Банката дека ги одбиваат промените пред датумот на нивната примена, ќе се смета дека ги прифаќаат новите услови, согласно Законот за платежни услуги и платни системи.

Можете да прочитате

Средба со директорот за статистика  на ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

НЛБ Банка со појаснување: Еднократен надомест од 20 денари месечно за целиот Light пакет

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови