Утрински Весник
Спорт

Ќе остане ли Скалони на кормилото на Аргентина?

Ќе остане ли Скалони на кормилото на Аргентина?

По 36 сушни години, Лионел Скалони успеа да и ја врати титулата светски фудбалски шампион на Аргентина.

dobivaj vesti na viber

Аргентинскиот селектор пристигна на крајот на 2018 година како привремена замена за Хорхе Сампаоли, по што ги освои Копа Америка и Светското првенство и очигледно ја стекна огромната доверба во соблекувалната и од комплетната јавност.

Сепак, преговорите за продолжување на соработката делуваат покомпликувано од очекуваното.

Како што пренесува аргентинскиот „Оле“, Скалони се уште не разговарал за ова со Клаудио Тапија, претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина. Првиот човек на аргентинскиот фудбал ја презеде одговорноста да го постави на селекторската функција по неуспехот на Светското првенство во Русија.

Тоа ќе бидат важни преговори, како од економски, така и од технички аспект. Аргентинците повторно ќе излезат на терен во март следната година, кога на распоред се пријателските натпревари на ФИФА.

Скалони ја водеше Аргентина 57 пати и постигна 40 победи, 12 нерешени и пет порази, со гол разлика 124:42.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина