Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ќе остане ли без лиценца докторот што „шмркаше“ а не беше болен?

Kirmizi renkli ui saglik ve zindelik bio link web sitesi.jpg
Img 7972

Скандал ја потресе македонската јавност откако со јавноста се појави видео снимка како неврлогот и директор на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски зборува за кокаин и најверојатно го подготвува за консумација.

Министерот за здравство експресно реагираше и го разреши од директорската функција, чин што беше поздравен од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ чиј впрочем член е и самиот Кузамновски.


Но во јавноста се појавија и одредени негодувања што Кузамновски кој јавно се извини за целиот случај, сега за сега е само разрешен и што ќе продолжи да лечи пациенти и во иднина.

Граѓани на социјалните мрежи бараат тој да биде санкциониран и со одземање на лекарската лиценца, односно да не може да повеќе да дава здравствени услуги.

Една од нив е и инфлуенсерката Ина Многуфина која вели дека тој како доктор прави многу повеќе штета отколку како директор.

„Сега после вчерашниот скандал можеме да сфатиме дека докторов е сосема ок да продолжи да лечи пациенти ама не смее да е директор. Значи поголема штета ќе напраи ко директор, не знам, може ќе пише три дежурства, но, народ може да лечи. Народ ко народ, тоа е, неаме доктори. Озбилно? Лиценца треба да му се земе на човеков, со вакво хоби ни маче не треба да прегледа. Ич да не навлагам во тоа дека некој треба да провери дали е корисник или зависник, големата работа го смениле од директор, јаката позиција. Директор у клиника не стана само уште женана гаќи што продава на кутија пред Токсикологија, овој лечи луѓе, тоа е нештото на што треба да се концентрираме, дали е работоспособен? Тоа треба да ни каже некој, а не се извинил. Што ако се извинил, демек се е ок сеа? Па не е“ пишува таа.

Одземање на лиценцата, но и кривична одговорност за Кузмановски денеска побараа и од опозициската СДСМ.

„СДСМ ќе инсистира, одговорност мора да има, без разлика кој е, без разлика колку е близок со Христијан Мицкоски. Министерот за здравтво мора да побара од Лекарската комора додека трае истрагата да му биде одземена лиценцата за работа. Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето ил со медицина“ изјави денеска Елена Радеска од СДСМ.

Можете да прочитате

Реакција на министерот Муцунски на денешната изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Возачот на министерот за здравство е тој што беснееше по „Партизанска“ во Скопје

Битолчанец продавал марихуана на затвореници