Утрински Весник
Спорт

Џејмс го продолжи договорот со Челси

Џејмс го продолжи договорот со Челси

Фудбалерот на Челси, Рис Џејмс, потпиша нов договор со клубот до 2027 година. Со ова паднаа во вода шпекулациите дека Англичанецот наредното лето ќе се пресели во Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Со новиот договор десниот бек стана најплатениот дефанзивец во историјата на Челси. Неделно Џејмс ќе заработува 250.000 фунти.

Рис Џејмс е во клубот од својата шеста година. Беше на заем во Виган, а после тоа, се врати на „Стемфорд Бриџ“ и дебитира во 2019 година за првиот тим.

Тој ја освои Лигата на шампионите со Челси во 2021 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина