Утрински Весник
Спорт

Џејмс го напушта Монако, следна дестинација Олимпијакос

Џејмс го напушта Монако, следна дестинација Олимпијакос

Според француските и грчките медиуми, американскиот кошаркар Мајк Џејмс е подготвен да го напушти Монако.

dobivaj vesti na viber

Мајк Џејмс не е во најдобри односи со тренерот Саша Обрадовиќ и тоа се наведува како една од главните причини за неговото незадоволство. Покрај несогласувањата што ги има со тренерот, тој не бил задоволен и од ангажманот на американската суперѕвезда Кемба Вокер.

Бројни европски медиуми објавија дека Мајк Џејмс ќе потпише двегодишен договор со Олимпијакос. Како поранешен играч на Панатинаикос ова би бил многу интересен потег со оглед на тоа што ПАО неодамна го „украде“ Костас Слукас од Олимпијакос.

Наводно, Мајк Џејмс се сретнал со Ајзеа Кенан и Томас Вокап, кои му предложиле да дојде во Атина, а американскиот плејмејкер разговарал и со тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцкокас.

Она што е исто така интересно во оваа приказна на грчките медиуми е дека Џејмс се согласил на намалување на платата и дека од 2,5 милиони ќе оди на пониски 2,3 милиони годишно.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига