Утрински Весник
Магазин

Џеј Ло и Бен Афлек се премислија, нема да ја купат куќата што ја одбраа

Џеј Ло и Бен Афлек се премислија, нема да ја купат куќата што ја одбраа

Џенифер Лопез и Бен Афлек не можат да се одлучат за својот дом од соништата, тие повторно се откажаа од преддоговор за куќа што требаше да ја купат.

dobivaj vesti na viber

„ТМЗ“ дознава дека славниот пар требало да го финализира купопродажниот договор минатиот петок, но непосредно пред да биде потпишан, запечатен и испорачан тие се повлекле.

Извори упатени во процесот на купување кажуваат за „ТМЗ“: Џеј Ло и Бен го повлекоа потписот за куќата во калифорниската населба Пацифички палисади, која се чинеше дека се подготвени да ја купат за 34.5 милиони долари.

Славната двојка била забележана како разгледува куќа во близина на таа што претходно ја одбраа и резервираа.

Ова е најмалку втора куќа за која потпишале преддоговор, но во последен момент се повлекле.

Можете да прочитате

Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка

Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“

Овој парфем е прогласен за најдобар женски мирис на сите времиња