
Американскиот блогер и боксер Џејк Пол е хоспитализиран со скршена и повредена вилица по борбата со поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, која се одржа ноќеска во Мајами. – Скршена вилица. Ви благодарам за поддршката, момци, добро сум, објави Пол на социјалните мрежи. Британскиот боксер Џошуа го нокаутираше Пол во шестата рунда, ставајќи крај на мечот по доминантна борба.
– Пол имаше тежок период во рингот, но постојано стануваше, продолжуваше да се бори. Само вистински мажи можат да го прават тоа, рече Џошуа по борбата. Дваесет и осумгодишниот Пол по овој пораз има скор од 12 победи и два порази. Од друга страна, триесет и шестгодишниот Ентони Џошуа, кој е и олимписки шампион, ја подобри својата професионална статистика на 29 победи и четири порази.



