Јутјуберот Џејк Пол полека добива кредибилитет во светот на боксот, откако во саботата навечер успеа да биде подобар во боксерски ринг од УФЦ легендата, Андерсон Силва, дури и праќајќи го на подот во последната осма рунда. Во забавен меч, двајцата фајтери беа агресивни, но Пол беше подобриот откако во осмата рунда го прати во нокдаун Бразилецот, кој потоа стана и го доврши мечот.
Пол сега има 6-0 скор во боксерскиот ринг и ги предизвика УФЦ фајтерот Нејт Дијаз и светскиот шампион Канело Алварез на меч.
„Го сакам Нејт Дијаз, кој е права кучка. Се обиде да влезе во мојата соблекувална и да направи срање, но потоа избега. Канело и ти!“, изјави Пол по мечот.
Пол стана славен преку својот Јутјуб канал, заедно со својот брат Логан Пол, и започна со боксот во декември 2019 година. Тој тврди дека има тим од 30 помошиници со кои тренира во базата во Порторико.
Jake Paul knocks down Anderson Silva pic.twitter.com/GhQ2V7BFpE
— Dexerto (@Dexerto) October 30, 2022