Утрински Весник
Македонија

Ќе имаме два дена претежно суво време, но со појава на утрински мразеви

Meteoalarm.mk 24.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Деновите среда  и четврток 18/19 февруари во Македонија конечно ќе ни донесат релативно суво но ладно време. Тоа значи дека ќе бидеме под влијание на ладна и претежно сува воздушна маса од север која особено во утринските часови ќе ни донесе минусни температури и појава на утрински мразеви. Облачноста значително ќе се намали а особено во Повардарието и во југоисточните предели особено денес среда 18 февруари ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час.

Преку денот температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје  и околината таа ќе се искачи до околу 8/9 степени.

Значително ладно утро со појава на утрински мразеви ќе биде утрешното четврток 19 февруари кога поради целосното разведрување температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 2 степени.

Нови пообилни врнежи од дожд и од снег очекувам во петок 20 февруари но детална метео анализа токму околу ова следува во следните мои метео објави.

Можете да прочитате

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност

На Попова Шапка 97 сантиметри снег

Инцидент во АРМ: Војници се тепале на полигонот Криволак