Утрински Весник
Македонија

Ќе има мерки многу скоро кои ќе бидат прецизни и таргетирани, вели Мицкоски за инфлацијата

Mickoski pres .jpg

Владата ќе прави анализа за базичната инфлација по што ќе излезе со мерки за заштита од зголемените цени на производите. Мерките, како што денеска рече премиерот Христијан Мицкоски, ќе бидат прецизни и таргетирани и објавени многу скоро.

– Не сме среќни што ова се случува, но мора да направиме детална анализа во делот на базичната инфлација бидејќи разговарав со неколку економски професори и заклучокот е дека делот од производите кои ја креираат оваа инфлација можеби во односот добавувачи – маркети не е толку зголемено, колку во базичната инфлација и во делот на инфлацијата на услуги. Ќе има мерки многу скоро кои сакаме да бидат прецизни и таргетирани. Не сакаме да бидат мерки што ќе предизвикаат стихија, рече Мицкоски на прес-конференцијата во Владата


Како што посочи, она што првично е забележано е дека големо отскокнување има кај инфлацијата на услуги каде бројките се двоцифрени.

– Треба да видиме колкав е уделот на инфлацијата во услугите при создавање на базичната инфлација. Тука имаме отскокнување, двоцифрени бројки, рече Мицкоски.

Попластично кажано, додаде Мицкоски, ако ја вивите информацијата за земјоделските производи од пред недела-две ќе забележите дека во импутот зголемени се параметрите за два проценти, а во аутпутот за 11 проценти. – Земјоделецот го продава производот на некој кој тој производ го носи во маркет и ако тој го продава за 11 проценти повисока цена, тогаш е јасно за што зборувам, рече Мицкоски.

Државниот завод за статистика денеска излезе со информација дека во јуни трошоците на живот се зголемени за 4,5 проценти, а цените на мало за 3,7 проценти на годишно ниво.

Можете да прочитате

Фатен на дело: 57-годишен маж подметнал пожар во Ѓорче Петров

Бујар Османи: Размислувам за кандидатура за Чаир

Најавен дожд и пад на температурите од 10 степени, еве кога се очекува