Утрински Весник
Скопје

Ќе има казни: Советот на Град Скопје изгласа забрана за фрлање отпад од 22 часот навечер до 6 часот наутро

Debar maalo partizanska prepolni kontejneri za gjubre6 foto metamk min 696x522 1.jpg

Советот на Град Скопје на полседната седница изгласа одлука со која се забранува фрлање на комунален отпад во контејнерите во период од 22 часот навечер до 6 часот изутрина. Граѓаните кои нема да ја почитуваат одлуката ќе се соочат со парична казна од 50 евра. Првите неколку месеци ќе важат само опомени.

Целта на одлуката, според она што го соопштија службите на Градот Скопје на денешната седница, е да се воведе правна рамка со која ќе му се помогне на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ при собирањето на сметот. Велат дека мерката можеби не е идеална, но дека нејзиното спроведување ќе биде следено преку комуналното претпријатие и инспекциските служби, а ако се покаже за несоодветна ќе биде коригирана.


„Ако се погледне компаративно во сите поголеми градови, времето за фрлање на смет е лимитирано. Нашето претпријатие има динамика на собирање на смет, а таа динамика завршува во 22 часот, кога садовите се празнат. Доколку по 22 часот се полнат садовите нормално дека цела вечер и целиот нареден ден корпите или садовите за отпад ќе бидат полни бидејќи не се празнат преку целиот ден. Не може кога постои голема гужва или динамика во градот да се чисти и да се собира смет. Определен е временски термин за собирање на сметот“,велат од Градот.

На одлуката силно се спротиставија советниците на Левица, оценувајќи ја за скандалозна.

„Не може вината за нефункционалноста на комуналното претпријатие да ја префрлате врз граѓаните. Комуналното претпријатие треба да си ја извршува својата дејност редовно, а граѓаните во никој случај не смеат да бидат ограничени кога можат да фрлаат ѓубре. Тоа не само што се коси со Уставот и со законите, туку е невиден скандал“, изјави советничката Катерина Јовановска од Левица.

Со оваа одлука на Советот се врши измена и дополнување на Одлуката за комунален ред во Градот Скопје.

Можете да прочитате

Левица не гласаше за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Распишана е јавна набавка за изградба на нов кружен тек во Ѓорче Петров, најави Ѓорѓиевски

Скопјани веќе нема да смеат да фрлаат ѓубре по 22:00 часот