Утрински Весник
Македонија

Ќе има и казни, од денеска законска обврска за зимска опрема за возилата

Zimska guma.png

Од денеска стапува на сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година.

„За да се избегнете сообраќајни казни и прекршоци, потребно е да го усогласите вашето возило со пропишаните барања: возила до 3.500 кг – потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми со истата длабочина, со задолжително носење синџири за снег, возила со погон на сите тркала (4х4) – зимски гуми со длабочина од најмалку 6 мм, или летни гуми со минимум 4 мм длабочина и синџири за снег, возила над 3.500 кг – зимски гуми со длабочина од 6 мм на погонските тркала, или летни гуми со минимум 4 мм, со задолжителни синџири за снег“, информираат од Автомото сојузот на Македонија.


Покрај ова, автобусите и товарните возила мора да носат прирачен алат како лопата, ако не можат да користат синџири за снег.

МВР нема да има толеранција, ќе се казнува, затоа што се работи за безбедноста на граѓаните.

Можете да прочитате

ССМ: Македонија има најниска минимална плата во регионот!

Битиќи: Со овој буџет државата оди кон сериозна криза

Советот на Општина Виница со нова мерка – 6 000 денари поддршка за секое новороденче