Утрински Весник
Магазин

„Ќе биде вака додека не се решат работите…“: Се огласи Џејла Рамовиќ по откажаниот концерт во Скопје (ФОТО)

Screenshot 20251206 141936 gallery.jpg

По неодамнешното приведување во Македонија поради настап без работна дозвола, Џејла Рамовиќ донесе одлука да го откаже наредниот концерт во Скопје. Таа и нејзиниот бенд биле задржани од надлежните органи поради нерегуларна документација, а проблемите со административните процедури продолжиле и за претстојниот настап.

Пејачката се огласи на Инстаграм, објаснувајќи дека организаторите не успеале навреме да ги обезбедат сите неопходни документи. Таа истакна дека безбедноста на публиката, нејзиниот тим и неа самата е на прво место, поради што била донесена одлука да се избегнат нови потенцијални непријатности.

Во својата објава, Џејла им се заблагодари на фановите за поддршката и разбирањето, додавајќи дека со нетрпение го очекува моментот кога ќе бидат исполнети сите услови за одржување безбеден и успешен концерт. Таа порача дека настапот ќе биде одложен „додека се решат административните работи“.

Последните месеци и други регионални артисти се соочија со слични проблеми. Пејачот Аца Лукас беше приведен поради нерегуларни документи, додека Барбара Бобак била задржана на аеродром и потоа депортирана, што дополнително го актуализира прашањето за административните процедури при настапи во странство.

Можете да прочитате

Signal и WhatsApp под удар на хакери поврзани со Русија

„МЕЛАНИЈА“: По слабата заработка во кината, документарецот се сели на „Амазон Прајм“

Само две држави би можеле да преживеат светска нуклеарна војна