Утрински Весник
Спорт

„Ќе бидам изненаден ако Меси се врати во Барселона“

„Ќе бидам изненаден ако Меси се врати во Барселона“

Поранешниот играч на Манчестер Сити и Барселона, Јаја Туре не верува дека Лионел Меси повторно ќе го облече дресот на каталонскиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а како што одминува времето се поизвесно е дека тој нема да остане во Париз. Во прилог на тоа одат и свирежите на навивачите до Меси на последниот меч меѓу „светците“ и Лион.

„Ќе бидам изненаден ако Меси се врати во Барселона. Во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи. Сè што Меси направил во кариерата е импресивно. Не знам дали ќе остане во ПСЖ или ќе се врати во Барселона“, вели Туре и додава:

„Гледам дека сите зборуваат дека Лео ќе ја завршува кариерата само во Барселона. Но, не знам што ќе се случи со него бидејќи тој се уште има договор, да видиме што ќе се случи следната сезона“.

На оваа тема се огласи и спортскиот директор на Барселона, Жорди Кројф.

„Меси е легенда во очите на сите навивачи на Барселона, но ние мора да размислуваме за нашите натпревари. Лионел е извонреден играч кој има договор со друг клуб и се бори за трофеи. Не би ни било пријатно доколку нашиот специјален играч, кој нема договор, зборува за други клубови“, изјави Кројф.

Аргентинецот оваа сезона во францускиот шампионат на 24 натпревари постигна 13 гола и исто толку асистенции.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо